Таравари – „жртва“ на суетата на Села?

Кандидатурата на актуелниот министер за здравство Арбен Таравари за грдоначалник на Гостивар која вчера сам ја објави предизвика големо изненадување во јавноста и многу коментари по социјалните мрежи, пишува Либертас.

Денеска во изјави за медиуми и Таравари признава дека и тој бил изненаден и жали што ќе ја напушти министерската функција но дека откако неговата партија не успеала да постигне договор за коалиција со други албански партии тој ќе биде кандидат за градоначалник во Гостивар.

Партиски извори појаснуваат дека Таравари ја зборува вистината само околу признанието дека и тој е изненаден и дека сака да остане на челната функција во здравството. Изворите на Либертас тврдат дека на лидерот Зијадин Села почнало да му смета секојдневното присуство на Таравари во медиумите како министер за здравство. Села наводно се почувствувал дека паднал во сенката на Таравари, не само во јавноста, туку и во партијата.

Неуспешните преговори за заеднички кандидат со Беса, тврди нашиот извор, му послужиле на Села тивко да се „пресмета“ со Таравари, односно да му ја одземе моќта што ја доби како министер.

Партиската задача да се трка за градоначалник на Гостивар можно е да е трик на лидерот Села да ја отстрани евентуалната конкуренција од Таравари во партијата.

Таравари во денешните изјави не крие дека ако не успее да стане градоначалник, што е повеќе од веројатно, дека ќе се збогува од политиката и од партијата и ќе се посвети на лекарската професија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e