Талат Џафери до Илија Димовски: Знаеш ли кој сум јас

На денешната собраниска седница повторно настана кавга меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои постојано зборуваат во хор незадоволни од работата на собранискиот спикер.

Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од своето место во собраниската сала му држеше лекции на Џафери како треба да се однесува како претседател и неколку пати му го постави прашањето, кој е тој да им кажува што да работат?

-Знаеш ли кој сум јас? Јас сум претседател на Собрание и се додека зборувате во хор, нема да добиете збор , му одговори Џафери.

Денеска продолжи осмото продолжение на седницата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e