Тачи: ДУИ се плаши од попис поради ризик дека Албанците се под 20 отсто

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во емисијата „10 минути“ на ТВ 21, ја обвини ДУИ за водење лоша политика што, според него, е причина за иселување на голем број на Албанци од земјава во странство. Затоа, вели тој, коалицискиот партнер на СДСМ во Владата не сака да се спроведе пописот што би можел да покаже дека Албанците се помалку од 20 отсто во државата.

„Сте забележале страв кај ДУИ од спроведување на пописот. Низ кулоари се слушаат муабети за ризик од пад на бројката на Албанци во земјава иако тоа јавно не го кажуваат. Тоа можеби е вистина, но таа вистина води до нова вистина дека 18 години по конфликтот, практицирањето во власта на ДУИ е тотално фијаско. Ако постои страв дека Албанците се под 20 отсто, тогаш анализата вели дека Албанците заминале од земјава бидејќи не виделе перспектива. Значи Албанците мигрирале и тоа е многу цврст аргумент“, рече Тачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e