Сведок: Најмалку петмина во притвор, меѓу нив и двајца поранешни министри?!

Кривичниот суд во Скопје прифатил помалку од третина од вкупниот број барања за притвор во предметите што ги поднесе СЈО во текот на вчерашниот ден, објави порталот  „Сведок“.

За дел од обвинетите, за кои СЈО бараше притвор, судиите оцениле дека тиа ќе се појавуваат во текот на постапката и со одземање на пасошите, па била донесена таква мерка, брифираат за Сведок извори од судот.

Дел од информаторите од скопскиот суд се сомневаат дека некои од обвинетите имаат и друг пасош, но тоа судот не го констатирал.

Според последните информации, во притвор засега би требало да завршат 5 лица, а за другите ќе бидат преиначени мерките.

Најголем дел од мерките побарани за другите 47 лица за кои се бараат одземање на исправи или други забрани, за судиите не биле спорни и тие многу полесно се прифаќале.

Меѓу тие кои нема да заврши во притвор, за разлика од најмалку двајца поранешни министри, е и Драган Павловиќ Латас кој останал без пасош.

На одлуките на Кривичните совети, СЈО и странките имаат право на жалба, а жалбата не ги одлага извршувањата на решенијата.

За тројца од тие за кои се бара притвор, доколку се одобри, би требало да одлучува и Парламентот поради нивниот имунитет.

Претходно, судот соопшти дека одлуките ќе бидат донесени во рокот од 24 часа кој истече, но ќе им треба време да ги образложат и да ги достават до странките, па дури тогаш ќе соопштат официјално што одлучиле.

По протестите на приврзаници на ВМРО ДПМНЕ синоќа и денеска, вечерва е мирно пред судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e