Сведоците на СЈО уплашени од Алими

Сведоци на специјалното обвинителство се жалеле дека им е страв од пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, пишува Алста М.

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска на јавна седница во Апелацискиот суд, посочи дека нивните сведоци се плашеле од Алими за нивната безбедност, но и безбедноста на нивните семејства. Обајснувале дека тој е многу моќен човек и е дел од ДУИ која е на власт. Дел од сведоците стравувале од него дури и кога Алими не бил пратеник и немал некоја значајна и влијателна функција.

„Во конкретниов случај, не само што постојат околности кои што укажуваат дека обвинетиот и овој што беше присутен, но и другиот, може да влијаат врз сведците во постапката, туку постои и нешто повеќе. Постои страв кај тие сведоци за ниванат лична безбедност и за безбедноста на нивните семејства. Како застапник на овој предмет морав да цитирам и делови од исказите на тие сведоци, за повисокиот суд да биде убеден дека посотојат основи за притвор“, рече Фатиме Фетаи, СЈО.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими во кратката изјава пред апелациските судии, посочи дека и да го затворат во друга земја, ќе избега за да се врати во Македонија за да биде присутен за постапката против него која се води тука. И тој и неговиот адвокат тврдат дека не влијаел на сведоците.

„Нека ги покажат доказите. Можам да кажам дека вие сте денеска сведок на одредено нешто, но тоа не е вистина. Би рекол дека еден од вас новинарите направил кривично дело. Но тоа треба да се докаже. Вие денеска работите со цел да ја запознаете јавноста. Не значи дека треба да се верува само на еден збор“, рече Ејуп Алими, пратеник на ДУИ.

Ејуп Алими и Исмет Гури се обвинети во „Титаник 3“. СЈО бараше притвор, но Кривичен не одреди ваква мерка. СЈО ги обжали одлуките пред Апелација. Двајцата се обвинети за уништување на изборен материјал. Освен за функционери на ДУИ, СЈО побара мерки на претпазливост и за лидерот на ДПА Мендух Тачи и членот на ДИК од оваа партија, Бедредин Ибраими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e