Сведочење на гостиварец: Слушнав како Мијалков се фали дека нарачал ликвидација на Даниел Близнакот!

“Слободен печат” објави сведочење на гостиварец кој тврди дека слушнал како Мијалков се фали во кафеана дека нарачал ликвидација на Даниел Близнакот!

Гостиварец тврди дека сосема случајно го слушнал поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков како се фали во кафеана, пред своите блиски соработници, дека „договорил со луѓе“ Даниел Трајковски, попознат во скопските кругови како Близнакот, наскоро да биде ликвидиран и дека „овој пат нема да куртули“. Само околу еден месец подоцна Трајковски навистина беше нападнат пред својот дом во Ѓорче Петров – непознат напаѓач испука врз него најмалку пет куршуми пред неговиот дом, од што тој одвај извлече жива глава. Истрагата за овој обид за убиство сè уште тапка во место.

„Готово е, ќе биде ликвидиран!“
Четириесет и седумгодишниот Борче Грашиновски, заедно со свој близок пријател, во средината на октомври лани седнал на ручек во позната скопска кафеана. Во еден момент во ресторанот влегле Мијалков, во придружба на близок бизнисмен и уште четворица придружници, најверојатно обезбедувачи.

– Мијалков и бизнисменот седнаа буквално една маса до нас, не повеќе од метар, метар и пол од нас, а останатите две-три маси понатаму. Мијалков ми беше свртен со грб, ама поблиску до мене, додека бизнисменот го гледав в лице – раскажува Грашиновски.

Во еден момент, вели тој, вниманието му го привлекло споменувањето на „близнаците“, кои Грашиновски ги познавал и лично и преку нивните партиските активности, зашто тие подолго време биле активни во структурите на СДСМ.

– Без да го намали тонот, напротив, Мијалков буквално рече: „Даниел Близнакот од Ѓорче, договорено е со луѓе, овој пат ќе биде ликвидиран!“ На тоа бизнисменот задоволно рече: „Па и редно беше. Јас се сретнав со него, многу штета ни прави во кампањава“ – тврди Грашиновски.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e