Горан Сугарески веќе две ипол години е на чело на едно од најсуштинските министерства, Министерството за транспорт и врски. Вели дека бројките се доказ дека ресорот “транспорт“ бележи одлични резултати во реализација на капиталните инвестиции.
Министерот Горан Сугарески во интервју за Стандард појаснува за сработеното во инфраструктурата, гасификацијата, соработката со локалните самоуправи, изградбата на социјални станови, како и за легислативата во овој сектор министерот.
Во насока на развој на економијата интензивно се работи на поврзување со соседна Бугарија. До каде се активностите за изградба на пругата кон Бугарија, вклучително и активностите за изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка и проширување на патот кон граничниот премин „Деве Баир“ со Бугарија?
Коридорот 8 е многу важен стратешки правец за нашатата држава и од тој аспект посебно сме фокусирани на изградбата на железничката и патната инфраструктура. Нашата цел е јасна, да ја овозможиме функционална оската Исток -Запад на ниво на модерна инфраструктура за да се создаде поголема конкуренција на пазарите, а во исто време земјата регионално да ја поврземе со останатите Паневропски коридори. Знаете со Република Бугарија потпишавме Меморандум за соработка за изградба на пругата со рок до 2025 година и во тој правец ги движиме нашите инвестициони планови. Во тек е изградба на пругата од Куманово до Бељаковце и очекувам таа да биде завршена следната година. Во исто време тече тендерската постапка за вториот дел од Бељаковце до Крива Паланка. Очекуваме веќе следната година да започне изградбата за што веќе имаме обезбедено 147 милион евра. За третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија имаме изработено проект, имаме обезбедено 60 милиони евра од ИПА, за останатите средства преговараме со меѓународни финансиски институции. Ме прашавте и за експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка. Изградбата се одвива соласно утврдената динамика и очекуваме дека во рамките на договорениот рок до 2021 година ќе биде изграден. За проширувањето на патниот правец до граничниот премин Деве Баир потпишани се договорите и очекувам овој месец да започнат активностите на терен.
Целото интервју со Сугарески прочитајте го на следниов ЛИНК.