Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски најави градежна офанзива, еве кои проекти се приоритет:
Во ОХРИД започнуваме со реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на дел од ул. “Абас Емин”, проект вреден 470 илјади евра.
Подготвуваме терен за изградба на гасовод со краци од Охрид кон Кичево и од Охрид кон Битола.
Воспоставивме 8 нови авиолинии од охридскиот аеродром европските метрополи.
Дополнително ќе извршиме санација на пристаништето.
Во СТРУГА, завршивме со изградба на секундарна мрежа за фекална канализација во с.Корошишта, с.Ливада и с.Ложани и нејзино поврзување со транзитниот колектор.
Во тек е изградба на централен цевковод за фекална канализација за селата Ложани-Биџево-Ливада-Делогожда-Корошишта и пумпна станица с. Ложани.
Во ДЕБАРЦА завршивме со доизградба на фекална канализација за н.м. Мешеишта, а ја реконструиравме водоводнатс мрежа во с. Требеништа.
Во тек на подготовка е проект за изградба на водоводна мрежа со резервоар за водоснабдување во село Издеглавје и село Слатински Чифлик.
Во РЕСЕН подготвуваме проект за поврзување на куќни приклучоци на реконструираната водоводна мрежа во централно и пошироко подрачје во град Ресен.
Исто така во рамки на декадата и стратегијата за вклучување на Роми, оваа година ќе се работи на проекти за подобрување на канализационата и водоводната мрежа во висина од 1,1 милион денари.
Во ВЕВЧАНИ подготвуваме проект за изградба на линиска инфраструктурна градба за изградба на канализациони линии.
Дополнително во патната инфраструктура:
– Во тек е изградба на автопат КИЧЕВО – ОХРИД во должина од 57км.
– Во тек е изградба на регионален пат Крак 1 ОД Р 418 (ФАЗА 2) НА ПОТЕГ ФАБРИКА ВЕВЧАНКА – ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВЕВЧАНИ, ОПШТИНА ВЕВЧАНИ во должина од 1 км.
– Завршена е рехабилитација на Р1208 ПОДМОЉЕ – ОХРИД во должина од 8,55км, вредност 1,4 милиони евра.
– Завршена е рехабилитација на Р1208 ПОДМОЉЕ – РАДОЖДА во должина од 4,1км, вредност 400 илјади евра.
– Завршена е рехабилитација на Р1301 ТРАНЗИТ НИЗ ОХРИД ДО БЕНЗИНСКА ПУМПА во должина од 5,6км, 800 илјади евра.
– Во тек е рехабилитација на ВРСКА СО Р1201 (СТРУГА-ДЕБАР) – ЛАБУНИШТЕ – БОРОЕЦ – ЈАБЛАНИЦА во должина од 1,80км, вредност 730 илјади евра.
– Во тек е рехабилитација на ТРАНЗИТ НИЗ ОХРИД (во правец Охрид-Битола) 1,88км, вредност 407 илјади евра.
Со почеток на градежната сезона ќе се работи на патните правци:
– СТРУГА – ДРСЛАЈЦА – БИЏЕВО – Д. ТАТЕШИ – МИСЛОДЕЖДА во должина од 7км, вредност 600 илјади евра.
– ВРСКА СО Р1201 (СТРУГА-ДЕБАР) – ВЕВЧАНИ – ОКТИСИ – ВРСКА СО А2 (СТРУГА – ГП ЌАФАСАН) 7,9км, вредност 670 илјади евра.
– МИСЛОДЕЖДА – ЗБАЖДИ 7,3км, вредност 600 илјади евра
– рехабилитација на државен пат ПОДМОЉЕ – СТРУГА – ЌАФАСАН во должина од 19км, 3,5 милиони евра.
– Рехабилитација на Р1301 ХОТЕЛ ГРАНИТ – ПЕШТАНИ должина од 0,7 км, вредност 5 милиони денари.
ФБ објава на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски