Работната посета на Царинарската испостава Делчево која денес ја oствари директорот на Царинската управа Сугарески беше со цел да се запознае со тековните и планирани проекти, како и со оперативните капацитети и потреби во склоп на оваа царинарнска испостава.
Царинската испостава Делчево која е во состав на Царинарница Штип работи исклучиво со Отсек за стоков промет и Отсек за патнички промет. Управникот на Царинарницата Штип под која е оваа организациона единица заедно со царинските службеници ја презентираа работата на Царинската испостава Делчево.
Управникот Иван Спасовски го извести директорот за активностите кои ќе бидат превземени за реконструкција на граничниот премин Делчево со средства од ИПА 3 програмата, при што би се овозможило забрзување на протокот на возила, патници и стока, кои се во зголемен обем.
