Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески заедно со помошник директорот за контрола и истраги Игор Милев денеска ја посетија Царинарница Гевгелија и Граничниот премин Богородица.
“Ја посетив Царинарница Гевгелија и граничниот премин Богородица каде што остварив средба со шефовите на царински испостави и со Управничката на Царинарница Гевгелија, Тања Илијоска. Целта на оваа посета беше подетално да се запознаам со капацитетите на Царинарницата, на граничниот премин Богородица и царинската испостава Гевгелија – стоков промет, како и со тековните и планирани проекти.” – информира директорот Сугарески.