Судијката Дијана Груевска Илиевска која го суди предметот против обвинетите за пожарот до дискотеката Пулс, денеска на стартот на судењето рече дека не може да вети брзина бидејќи може да се направат греши. Таа потенцираше дека ќе даде се од себе за да се задржи професионалноста и да им се овозможи на сите страни да ја кажат својата верзија
„Со секоја почит кон болката и тагата на родителите и роднините ќе имаме почит, но ние сме професионалци и ќе дадеме можност на сите да си ја кажат својата теорија и да понудат докази. Не можам да ветам брзина. Може да се направи грешка. Колку ќе трае судењето никој не знае, апелирам на трпение и дисциплина. Ако сите доаѓаме редовно, ќе дојдеме и до вистината и правдата“ – рече судијката Дијана Груевска Илиевска пред стартот на судењето
