Судијата Владимир Панчевски притворен во затворот Шутка

Откако три пати по ред поранешниот претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски не беше најден дома, денеска беше спроведен во затворот „Шутка“.

Основниот суд Велес, на Панчевски му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет.

Против него беше поднесен обвинителен предлог од страна на скопското обвинителство, за злоупотреба на службената положба во врска со системот за управување со судските предмети (АКМИС) во Кривичниот суд.

За Панчевски откако не беше најден дома, МВР распиша и мегународна потерница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e