Според последните ажурирања на нумеричките модели, до самиот крај на овој месец не очекуваме нови обилни врнежи од снег, а и екстремниот студ полека ќе попушта! Сепак за во февруари има најава за нови снежни бранови и студови, објави Славчо Попоски.
Во следните денови студот малку ќе попушти, особено во текот на денот, иако и понатаму ќе биде релативно студено. Многу студено ќе остане наутро кога температурите понекаде повторно ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени.
Инаку екстремно студено е и во регионот, па така во делови од Босна температурата се спушта и под -23 степени.
Некои нови обилни врнежи од снег барем засега не се очекуваат.
Инаку најстудено утринава беше во Берово со -16 степени, потоа во Битола -15 степени.
