Студентски пленум: Илјадници евра за телефонски сметки и забави, СПУКМ неконтролирано ги троши парите на студентите

Огромни суми од буџетот на Студентскиот парламент се потрошени за телефонски сметки, забави, авионски карти и за плати на луѓе со истечен мандат, или чии функции не постојат според статутот на организацијата, стои во финанскиот извештај за 2014-2015 година, кој денес го обелодени Студентски пленум.

Средствата што ги добива СПУКМ доаѓаат од буџетот на државата, од донации и од универзитетот, но најголем процент од средствата доаѓаат од студентите.

Според извештајот, во 2014/2015 година, СПУКМ располагал со 2 650 000 денари, од кои 136 676 денари биле потрошени за веде претседателот Кирил Спировски, чиј мандат во тој период е истечен. Дополнително, плата земал и потпретседател, кој како што нагласуваат од Пленумот, таква функција не постои во статутот на организацијата, односно фиктивно лице земало редовна плата.

„Во документите од Централен регистар, кои ги поднесовме до Ректорат и до јавноста, јасно се гледа дека Кирил Спироски воопшто не бил именуван за претседател тој период, а притоа земал плата“, рече Теодора Столевска од Пленум.

Според неа, студентската организација криминално, неодговорно и несолидарно ги трошела парите на студентите.

„Според извештаите, 181 000 денари биле потрошени за матичните факултети. Проблемот е што не знаеме на кој начин биле трошени парите. Понатаму, видовме дека телефонските сметки потрошиле 342 250 денари. Она што е многу интересно е дека во еден наврат 62 000 биле потрошени само за една телефонска сметка. Дополнително, имаме информации дека за авионски билети, за само девет лица, биле потрошени 263 000 денари. Патувале во Израел, Москва, Ерменија, Латвија, за семинар, академија, средба и студентска посета. Би сакале да напоменеме дека ова несолидарно трошење на парите, може да бидат потрошени за други студентски потреби, и е една од причините зошто Студентски пленум се бори против оваа неодговорно, криминално тело“, подвлече Столевска.

Извор: Радио МОФ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e