Студ и дожд – Од утре нов влажен бран во земјава

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од утре (среда 15 октомври) попладне и навечер па во деновите потоа во Македонија ќе дојде до поголема промена на временската состојба. Ќе имаме зголемена облачно на повеќе места со повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.

Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така ќе имаме поголема промена на време со зголемена облачност, повремни врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Поради продор на поладен воздух од исток и од североисток, температурите повторно ќе бидат во опаѓање, особено максималните дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу 15 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e