Стоилковски: Во моментов не би откривал детали со кого и како сè се разговара за формирање мнозинство

Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да откријат детали дали партијата почнала и со кого разговара за евентуално формирање на мнозинство во новиот собраниски состав. Оттаму повторуваат само дека Христијан Мицкоски добил овластување да ги води преговорите со останатите партии.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, доби овластување од највисоките тела на партијата, Извршниот и Централниот комитет. Доби поддршка да разговара со политичките партии кои се застапени во парламентот во новиот состав на Собранието на Република Македонија за формирање на ново парламентарно мнозинство. Во насока на тоа да не се вадат детали сега во моментот тука ќе застанам со одговорот, не би навлегувал во детали со кого и како сè се разговара“, истакна Стоилковски додавајќи дека не открива детали за да не ги поремети или попречи разговорите.

Конечните официјални резултати, Државната изборна комисија (ДИК) ги усвои на денешната седница. Според нив, оваа партија со коалицијата „Обнова за Македонија“ во новиот собраниски состав влегува со 44 пратеници. СДСМ и коалицијата „Можеме“ со 46.

Извор: 360 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e