Семејството Петковски од Тафталиџе вчера поднесе кривична пријава против градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски и против уште петмина вработени во Општината, Томе Ѓурчилов, Благица Блажевска, Олга Цубалеска Јаневска, Ристо Здравев и Данче Поповска, за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување службена исправа. Кривичната пријава е за случајот со гаражата на улица Букурешка, сопственост на семејството Петковски, која Општината најави дека ќе ја урне за да направи пристап до парцела каде што како сопственик се појавува поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, пишува СДК.
Семејството Петковски, сопственици на куќата и на земјиштето под куќата и под гаражата, поднеле барање за легализација на гаражата изградена 1964/65 година, уште во 2011 година. Барањето им е одбиено годинава и истиот ден Општината повела постапка за експропријација, со цел да се направи поширок пристап за соседите. Семејството ја обжалило одлуката да се одбие барањето за легализација, но Министерстовото за транспорт и врски ја отфрлило нивната жалба. Во меѓувреме е сопрена постапката за експропријација, оти на првиот состанок семејството покажало дека имаат поднесено барање за легализација но Општината и покрај тоа најавува уривање на гаражата. Општинарите не ги поколебала и постапката која семејството ја покренало пред Управниот суд која се уште е во тек.
Целиот текст прочитајте го тука.