Стефановски со реакција на обвинувањата од Таравари

Актуелниот директор во Фондот за здравство Сашо Стефановски вели дека досега не бил повикан на официјална средба од министерот за здравство Арбен Таравари во министерството за здравство, а на работа се појавува секојдневно, освен во периодот додека бил на одмор.

Оваа реакција следува, откако првиот човек во здравството рече дека Стефановски не оди на работа и не му се јавува на телефон.

– Ние во Фондот за здравство сме двајца директори. Откако новиот министер дојде, никој не се обратил до службите да не повика на официјална средба со него. Јас немам негов телефон и може ме барал, а јас на непознат број не сум се јавил. Ние во Фондот нашите задачи ги извршуваме редовно. Министерот кога и да ме повика ќе отидам на средба со него – изјави за „Фокус“, Стефановски.

Тој реагира дека, откако Владата одлучила да ги разреши членовите на Управните и Надзорните одбори, сега во Фондот нема кој да одлучува за жалбите на децата што треба да одат да се лекуваат во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e