Денеска стапија на сила новите правила за увоз на возила во Северна Македонија, кои се базираат на европски стандарди и имаат за цел да ја поедностават и да ја направат поекономична постапката за одобрување и увоз. Со стапувањето на правилникот, земјата конечно го почнува буквалното применување на Законот за возила по 17 години од неговото донесување .
Клучни измени во новите постапки:
Возила кои веќе имаат одобрение за тип според WVTA (Whole Vehicle Type Approval) или национално одобрение во Северна Македонија, веќе нема да имаат потреба од дополнителна постапка за единечно одобрување. Тие директно ќе одат во сегашната постапка за идентификација и техничка оценка.
.За возила без одобрение за тип ни во ЕУ, ни во државава, единечното одобрување ќе се спроведува преку Бирото за метрологија, но со покус рок и поефикасна постапка. Цените за потврдите за исполнетост на техничките барања ќе изнесуваат 40–50 евра .
Со новите измени, увозниците на автомобили ќе остварат годишна заштеда од околу 1,3 милиони евра, средства кои досега оделе за платени потврди од странски TÜV центри, а сега остануваат во домашната економија .
Роковите за одобрување преку Бирото за метрологија ќе бидат скратени двојно, што овозможува поефикасна и побрза постапка .
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека сите овие промени се дел од напорите за приближување кон европските стандарди, како и за градење пофункционален и доверлив систем помеѓу институциите, увозниците и граѓаните .