Со стап ги тепал и ги заклучил во подрум своите малолетни деца

На 02.09.2017 година во 01,20 часот во Гевгелија на ул.„Сава Михајлов“ по претходна пријава од граѓанин, од страна на униформирани полициски службеници  приведен е Д.И. (1975) со стан на истата адреса, бидејќи физички ги нападнал своите две малолетни деца , нанесувајќи им видливи телесни повреди. Имено, истиот со стап ги нападнал најпрвин во станот, а потоа и во подрумските простории, каде ги заклучил со катанец.  Од страна на униформирани полициски службеници   извршено е алкотестирање над Д.И., при што е констатирано присуство на алкохол од 1,77 промили и истиот е задржан во Полициската станица во Гевгелија, а децата се згрижени од страна на социјални работници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Гевгелија. Полициската станица Гевгелија презема мерки за целосно расчистување на случајот, стои во дневниот билтен на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e