Претседателот Филипче ја презентираше новата предлог Платформа на СДСМ од која ќе произлезе новата програма на партијата.
СДСМ избра нови членови на раководните тела на партијата. За членови на Централниот и Извршниот одбор се избрани Соња Стаменкова, Слободен Чокревски, Богданка Кузеска, Тања Илијовска и Рубин Земон.
За меѓународен секретар на партијата е именуван Андреј Жерновски, додека за втор организациски секретар е избран Зоран Трифуновски.
Дополнително, партијата распиша оглас за избор на претседател на Форумот на пензионери.
