Против поранешниот македонски премиер Никола Груевски, обвинителството поднесе кривична пријава поради сомнение за поттикнување насилство на протестите пред општина Центар во 2013 година. – пишува српски “Курир“.
Специјалното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за два нови случаи кои се поврзани со скандалот со прислушувањето. Осомничени се 7 службеници од Управата за безбедност и контраразузнавање кои се товарат за уништување на докази поврзани со прислушувањето.
“Курир”, понатаму во текстот го цитира “Дојче Веле”, каде се вели:
-Во вториот случај, обвинети се 14 лица кои поттикнувале или извршиле акти на насилство за време на протестите од 2013 година. Обвинителството иако не сакаше да објави индетитетит, но по излагањето на понатамошни детали од вториот предмет, јасно укажуваат на тоа дека се работи за поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
“Курир” во прилогот посветен на вчерашните обвиненија во Македонија ја објави и “бомбата” од која произлезе предметот со насилството во општина Центар.
Целиот прилог на српски “Курир” може да го прочитате тука.