Средношколците пред Влада: Секојдневно ќе ве потсетуваме дека имате должност кон граѓаните која не е исполнета

Средношколците заедно со граѓаните под мотото ,,Зелена револуција” стигнаа пред Владата.

,,Тебе не ти смета?”, ,,Немаме време”, ,, Ни го уништија воздухот”, се транспарентите со кои тие протестираат.

Пред Владата, граѓаните скандираат ,,Сакаме да дишеме”, ,,Сакаме воздух”, ,,Уа профитери”, ,,Здравјето пред профитот” и ,,Бараме мерки”.

Секојдневно ќе ве потсетуваме дека имате должност кон граѓаните која не е исполнета, рече една од средношколците кои протестираат пред влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e