Продолжување на поддршката што Унгарија ја пружа на нашата земја со околу 30-тина унгарски полициски службеници, кои се распоредени на нашата јужна граница и им помагаат на нашите полициски службеници во заштита на границата од илегалата миграција, била темата на разговор на денешната средба во МВР меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Унгарија во нашата земја Ласло Иштван Дукс.
Од МВР соопштија дека на средбата амбасадорот Дукс му честитал на министерот Спасовски за неговата улога во успешното спроведување на парламентарните избори и му посакал успех во новиот мандат како министер за внатрешни работи.