Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се заблагодари на еврокомесарот Јануш Војчиеховски за гостопримството во Брисел.
-Заедно со директорот на АФПЗРР Никица Бачовски ги споделуваме нашите ИПАРД резултати. Како земја лидер во регионот по искористеност на средствата од ИПАРД 2, подготвени сме за уште една успешна приказна со новата ИПАРД 3, со зголемени средства за уште поголеми инвестиции и модернизација на македонското земјоделство, посочи Николовски.