На денешната средба со постојаниот претставник на УНДП, во Македонија, Луиза Винтон, се запознавме со активностите на УНДП во земјава. На средбата ни беа презентирани проектите кои ги спроведува УНДП во Македонија.
Од 2005 година УНДП работи на теми поврзани со развојот на земјоделството во Македонија. УНДП има имплементирано неколку програми во Преспанскиот, Радовишкиот и Струмичкиот регион, од кои се постигнати повеќекратни ефекти.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја продолжи добрата соработка со УНДП, од која во изминативе години имаше позитивни резултати во македонското земјоделство, информира министерот Николовски.