Средба Николовски-Пломп: Интензивирање на соработката со Холандија во областа на земјоделството

-Денеска имав средба со амбасадорот на Холандија во земјава Воутер Пломп. На средбата се договоривме да се интензивира соработката со Холандија во областа на земјоделството и руралниот развој, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Амбасадорот Пломп, на средбата истакнал дека Холандија е отворена и подготвена за секаков вид соработка и помош за Македонија во областа на земјоделството. Истовремено се разговарало и за идните стратешки приоритети на новата Влада на РМ за развој на земјоделството.

19884368_2003254093229453_511348847720855972_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e