Со директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми, разговаравме за начините кои ќе овозможат олеснување на комуникацијата и уште подобра соработка меѓу институциите кои се во директна борба против криминалот и корупцијата, истакна Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси.
„Тие на располагање имаат механизни за спречување на корупцијата почнувајќи од најниско ниво. Во тесна и интензивна соработка на сите надлежни органи, ќе успееме да се спротивставиме на овој проблем со подобрување на одредени сегменти во работата и преку резултати и полна транспарентност, да почнеме да ја враќаме довербата кај граѓаните.
Целта на македонската Влада е да отвори директен фронт против корупцијата и да им дозволи на институциите да си ја вршат нивната работа на секое ниво, поттикната од политичката волја за позитивни промени кои ќе го олеснат патот кон полноправно членство во ЕУ“, посочи Николовски.