Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари средба со Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.
„Зајакнување на кадровски и технички капацитети се примарна цел за интензивирање на активностите кои се во надлежност на Управата за финансиска полиција и зајакнување на нивната улога во борбата против корупцијата и криминалот.
На денешниот состанок со Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми се согласивме дека меѓуинституционалната соработка е круцијална, со цел ефективно спроведување на истрагите во областа на финансискиот криминал“, истакна Николовски.