Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше средба со директорот на Светска Банка во Македонија, Марко Мантованели.
На средбата се разговараше за Програмата за раст и развој на земјоделството во Западен Балкан, со акцент на специфичните потреби кои ги има македонското земјоделство.
На средбата беа презентирани, како што вели министерот Николовски напорите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – #МЗШВ да обезбеди брза санација на системите за наводнување како и на целокупната рурална инфраструктура.
Директорот на Светска банка, Марко Мантованели, посочи дека дел од овие проекти можат да се реализираат со поддршка од Светска банка.