Вицепремиерот за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој Љупчо Николовски денеска оствари средба со Шефот на мисијата ОБСЕ во Република Северна Македонија, амбасадорот Клеменс Која на која се разговарало за актуелната политичка ситуација и работата на мисијата во државата.
„Изразив благодарност до амбасадорот за нивните заложби за стабилизација во регионот преку демократско управување и владеење, а разменивме и идеи околу понудената експертска поддршка од страна на ОБСЕ.“ – порача Николовски по средбата.