Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска оствари средба со новиот евроамбасадор во Северна Македонија Дејвид Гир.
„Ми беше особена чест, што денеска го имав првиот состанок со новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. На новиот евроамбасадор му посакав добредојде и благодарност за безрезервната поддршка и придонес на Делегацијата на ЕУ во нашата земја, во евроинтегративниот процес на Северна Македонија.“ – порача Николовски по средбата,
„Евроамбасадорот Гир, изрази задоволство од одлучноста на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, како еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме на патот кон членството во ЕУ.Европската унија останува нашиот силен партнер и поддржувач, во исполнувањето на владините стратешки цели, меѓу кои се ред и правда, обврските од членството во НАТО и забрзување на евроинтеграцискиот процес.“ – оцени вицепремиерот Николовски.