СРЕДБА НИКОЛОВСКИ – ФИТЗКО ВО ВЕРМОНТ, САД: Заедничка соработка во делот на управувањето и заштита на шумите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во рамки на посетата на САД, во текот на вчерашниот ден оствари средба со комесарот на одделот за шуми, паркови и рекреација на Вермонт, Danielle Fitzko, на која се разговараше за заедничка соработка во делот на управувањето и заштита на шумите од пожари, унапредување на работата на шумската полиција, мониторинг и инвентаризација на шумите.
347601283_2072777689591030_7465702195708523201_n
– За успешна реализација на нашата веќе започната крупна реформа во шумарството, ќе ги искористиме позитивните искуства на нашата партнер држава, Вермонт. Во таа насока во следниот период ќе се одржи и екпертска средба на тимови од Вермонт и Северна Македонија, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e