Средба Николовски-Дуџак: Приоритет е да се криера е да се креира национален развоен план за одржлив развој

Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите Нации во земјава, Росана Дуџак. На средбата, како што извести Николовски, меѓу другото, биле реафирмирани заедничките заложби кон глобалните цели за одржлив развој и зајакнување на успешната соработка со Обединетите Нации.

3

„Една од нашите приоритетни заложби во периодот кој следи е да се креира национален развоен план за одржлив развој. Посебно внимание дадовме и на тековните активности кои ги спроведуваат државните институции во делот на имплементација на Агендата 2030, односно исполнувањето на приоритетните цели за одржлив развој, како и поголема инклузија на младите во процесите на креирање политики.“ – рече Николовски.

22

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e