Средба Николовски – Цури: Разгледани можностите за зајакнување на соработката во областа на борбата против корупцијата, нерегуларностите и можните измами

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на денешниот состанок со главниот ревизор за ИПА во Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, Адем Цури, разговараа за имплементација на ревизорските препораки и затворање на ревизорските наоди за ИПА структурата, како и за понатамошно зајакнување на капацитетите на ИПА структурата во земјата и поголема искористеност на средствата преку европските ИПА фондови во наредниот програмирачки период 2021-2027 (ИПА III).
Nikolovski2„Воедно се разгледаа можностите за зајакнување на меѓуинституционалната соработка во областа на борбата против корупција, нерегуларности и можни измами, преку организирање на заеднички конференции, тркалезни маси и работилници со претставници од Европската Комисија, Европската канцеларија за борба против измама (OLAF), Европскиот суд на ревизори и најголемата светска организација за борба против измама – Здружението на овластени истражители на измами (ACFE)“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e