Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше средба со амбасадорот на САД во Македонија, Џез Бејли.
На средбата од страна на министерот Николовски беа презентирани приоритетните политики, целите и програмата за развој на земјоделството.
Амбасадорот Бејли истакнал дека САД како стратешки партнер стои на распологање да помогне во реализација на плановите и остварување на целите на МЗШВ.