Средба на Заев со државниот секретар Амендола во Рим

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска во Рим имаа средба со Енцо Амендола, државен секретар на Министерството за надворешни работи на Италија.

Тема на состанокот беа евроинтегративните аспирации на Република Македонија.

-Веднаш по изборите, новата Влада што ќе ја предводи СДСМ, ќе се посвети на сите суштински прашања за подобар живот на граѓаните, од слобода и демократија, преку правични и функционални институции, економска стабилност, до практична примена на законите и нивно усогласување со европската регулатива. Тоа ќе ја придвижат земјата кон ЕУ, рече претседателот Заев.

Заеднички е заклучокот дека граѓаните на Македонија заслужуваат да бидат дел од европското семејство.

Zaev_050916_1

Zaev_050916_3

Zaev_050916_4

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e