Средбата посветена на економското поврзување на Северна Македонија, Албанија и Србија започна во Петроварадинската тврдина во Нови Сад.
Премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, пристигнаа во Белград во средата попладне.
Трилатералната средба се одржува на покана и на иницијатива на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Главната тема на разговорите е предлогот на српскиот претседател за формирање на таканаречениот „мал Шенген“.
Целта на предлогот е подобро да се интегрираат пазарите во земјите од регионот и да се отстранат бариерите за деловно работење и слободното движење на стоки, луѓе, услуги и капитал на пазар од 20 милиони луѓе.
Вучиќ и српскиот премиер Ана Брнабиќ синоќа беа домаќини на вечера во Нови Сад за премиерите на Северна Македонија и Албанија.