Средба на министерот Спасовски со претставници на дипломираните криминалисти

Министерот Оливер Спасовски денеска, на барање на Здружението на дипломирани криминалисти, одржа работна средба на која се разговараше за актуелната кадровска и финансиска состојба во Министерството за внатрешни работи, од аспект на можностите за вработување на дипломирани криминалисти како потребен стручен кадар во МВР.

Претставниците на Здружението на дипломирани криминалисти се заблагодарија на можноста што прв пат после девет години имаат средба со еден министер  за внатрешни работи. Тие побараа Министерството сериозно да го разгледа нивното барање за вработување и ја истакнаа нивната желба да помогнат со своето знаење за подобрување на состојбите во МВР и спроведувањето на неопходните реформи.

Министерот Спасовски истакна дека овие образувани кадри мора да имаат приоритет за вработување во МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e