Средба на директорот на БЈБ, Тасевски со амбасадорот на Словенија,Предан

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Сашо Тасевски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Словенија во земјава, Милан Предан.

Директорот Тасевски и амбасадорот Предан изразиле задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка на двете земји.

– Тие се осврнаа на сите можности за продлабочување на соработката меѓу полициите на двете земји, потенцирајќи ја поддршката што словенечката полиција и ја дава на нашата полиција преку низа проекти, но и со присуство на контингент словенечки полициски службеници најужната граница, соопштија денеска од МВР.

Како што е наведено со соопштението, двајцата соговорници потенцирале дека одличните односи и соработка и во иднина ќе се надградуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e