Средба Колемишевски-Глигоров: Македонските производи преку PayPal до светските пазари

Заменик министерот за економија Кирил Колемишевски изрази задоволство од средбата со Венко Глигоров, кој важи за еден од најискусните македонски претприемачи, од овозможувањето на PayPal во држава, но и од негова заложба за продажба на домашни производи на странските пазари.

PayPal во моментот е достапен на македонските граѓани за набавка на производи од странство меѓутоа не и за продажба на македонските производи во странство.

„Преку овозможување на PayPal сметам дека има голем потенцијал за македонската економија, нашите производи и услуги да се најдат на светските пазари. Ова особено е корисно за микро и малите фирми, поединци и професионалци чии услуги и производи се барани во Европа и светот. Заедно ќе се заложиме овој сегмент од македонската економија да го динамизираме и да овозможиме услови за поголем извоз на македонските производи и услуги“, напиша Колемишевски на својот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e