Спасовски за МИА: Секојдневно се справуваме со мигранти коишто сакаат да влезат на територијата на РСМ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за МИА изјави дека како институции, Северна Македонија е комплетно насочена во јакнењето на капацитетите за справување со било каков евентуален нов мигрантски бран.

Спасовски вели и дека земјава секојдневно се справува со мигранти коишто сакаат да влезат на територијата на РСМ, меѓутоа во овој период нема сериозно зголемување на таа бројка

– Геостратешката положба на РСМ, па и на државите во опкружувањето ни нудат многу поволности, многу придобивки заради добрите конекции, заради пристапноста, важноста на целиот овој регион. Меѓутоа паралелно со тоа одат и сите овие ризици и предизвици коишто се од аспект на безбедноста и не само тероризмот или можноста да имаме луѓе коишто се поврзани со тероризмот, туку и организираниот криминал, транснационалниот криминал, движењето на трговија со луѓе, трговија со оружје, трговија со дрога итн. сето тоа е потенцијална опасност за државата, за регионот и тоа е предизвик со којшто се справуваме ние како институции, а секако дека миграцијата сама по себе една би рекол опасност која што видовме како може да се одрази на државата, имајќи во предвид бројот на мигранти коишто поминаа низ државата со оглед на нашата големина итн., тоа само ни го потврдува фактот дека е многу голем предизвик за да може успешно да се справите со тој феномен. Ние успешно се справивме во тој момент и од тој момент наваму сме насочени како институции комплетно во јакнењето на капацитетите за справување со било каков евентуален нов мигрантски бран. Ние имаме состојба во која што сме добро поставени, формиравме посебна национална група би рекол која што се занимава односно национална единица која што е за борба против миграцијата илегална и трговијата со луѓе и тоа дава резултати. Ние секојдневно се справуваме со мигранти коишто сакаат да влезат на територијата на РСМ. Меѓутоа во овој период целосно немаме сериозно зголемување на таа бројка, вели Спасовски.

Тој додава дека работите многу ќе зависат и од функционирањето на Договорот ЕУ и Турција и доколку тој договор функционира на овој начин како што функционира и сега, нема поголема опасност дека може да има нов мигрантски бран.

– Меѓутоа ние мораме да останеме будни, мораме институциите да ги држиме на едно високо ниво на подготвеност, се со цел ако дојдеме во ситуација да имаме нов мигрантски бран, да можеме да се справиме со тој,смета Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e