Завршивме со координацијата за денеска, нема поместување во однос на деблокирањето на институциите. Побаравме да продолжи седницата со 67-те потписи од пратеници, рече Во вторник попладне генералниот секретар на СДСМ и пратеник Оливер Спасовски.
Според него, откако ВМРО-ДПМНЕ прифатиле да имаат шест члена во комисијата за избори и именување, уште и побарале да имаат претседател во комисијата.
„ВМРО-ДПМНЕ ја опструира Македонија. Не сака да функционира Собранието, со цел да си ги зачуваат сопствените места – вели Спасовски, кој додаде дека имаат сериозни аргументи за претседателот да биде од парламентарното мнозинство.
„Како и досега, оставаме простор ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми. Не сме против тоа тие да имаат претседател, само го штитиме принципот на Деловникот. Сакаме да бидеме принципиелни до крај само затоа што со принципи може да излеземе од оваа криза“, порача Спасовски.
Според најавите, во среда напладне треба да продолжи прекинатата координативна средба на претставниците на парламентарните групи за утврдување на предлогот за составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, што е предуслов за закажување продолжение на Конститутивната собраниска седница.
Претходно, договорено е ВМРО-ДПМНЕ да има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и Беса да бидат застапени со по еден член.