Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски и премиер, вечерва се обрати во Куманово, заедно со претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче и кандидатот за пратеник од ИЕ 2 и претседател на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, на завршната граѓанска трбина пред предизборниот молк на полнок, за предвремените парламентарни избори во среда, на 15 јули.
„И правда мора да има за сите. Секој кој сака да пљачка, ќе одговара. Но ќе одговараат и судиите и обвинителите кои кријат предмети во фиока“, додаде Спасовски, кој најави испитување на имотната состојба на судиите и обвинителите и разрешување по автоматизам судии и обвнинители кои криеле предмети.
-Мицкоски и сите на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ ги очекуваат судски пресуди. Нивната цел е да го вратат режмот. Тоа не смееме да го дозволиме“, порача Спасовски.