Спасовски: Се потврди се’ што го тврдевме, во Избирачкиот список има фантомски гласачи

Се’ е потврдено. После завршувањето на рокот за пријавувањето на спорните гласачи во Р. Македонија, се потврдија сите тези на Социјалдеморкатскиот сојуз и на опозицијата, дека во Р. Македонија има фантомски гласачи, запишани гласачи во Избирачкиот список коишто се злоупотребуваа за време на изборниот процес.

После рокот за пријавување, се докажа дека околу 30 илјади избирачи коишто се наоѓаа на Избирачкиот список во Р. Македонија, не постојат. Не можеа да се пријават, и со тоа се потврди тезата дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на изборите коишто се одржуваа досега во Р. Македонија, сериозно го злоупотребувале избирачкото право на граѓаните на Р. Македонија.

Имајќи во предвид дека и дополнителни 172 илјади избирачи се запишани на посебен извод на Избирачки список затоа што се наоѓаат надвор од земјава, се констатира дека во Македонија имаме околу 1 милион и 500-тини илјади избирачи.

Тоа се, реално, избирачи коишто се во Р. Македонија и коишто можат да го искористат сопственото избирачко право тука.

Ова покажува дека нема да имаме идеален Избирачки список, меѓутоа, ќе имаме далеку подобар Избирачки список од оној којшто го имавме досега.

И ова покажува дека, ако бидеме упорни и истрајни на она што го кажуваме до крај, како што тоа го правеше Социјалдемократскиот сојуз во изминатиот период, ќе можеме да ги подобриме работите за да се создадат услови за фер, демократски и кредибилни избори и да се создаде фер шанса за секој којшто ќе учествува во избирачкиот процес.

Spasovski1_200816

Spasovski2_200816

Spasovski3_200816

Spasovski4_200816

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e