„Наместо да водиме политика од ден за ден решивме да направиме крупни чекори, мислиме на државата и граѓаните, решивме да одиме по потешкиот пат ама по вистинскиот“, истакна потпретседателот на СДСМ и актуелен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на трибината „На прав пат“ во Крива Паланка.
Тој нагласува дека токму затоа се посветиле да ги решат проблемите и децениските спорови и успеале во тоа.
„Едно од клучните наши стратешки цели, членството во НАТО е обезбедено. Безбедноста и стабилноста се основа за развојот. НАТО значи сигурност и безбедност но и инвестиции, повеќе пари и нови, добро платени работни места“, додаде Спасовски, потенцирајќи го значењето на членството во Алијансата и директните економски придобивки на граѓаните.
Се осврна и кон ветувањето дека државата ќе ја направат градилиште, со цел да ја унапредат инфраструктурата и да се развие економијата.
„Денес на две и пол години од мандатот сакам да ве информирам дека денес се градат или реконструираат 96 регионанлани и магистрални патишта. Градиме нови експресни патишта и целосна инфраструкура во овој регион Куманово, Кратово и Крива Паланка, инфраструктурата ја реконструираме после 50 години. Вкупната инвестиција во овој регион изнесува 50 милиони евра, посочи потпретседателот Спасовски.