Спасовски со реакција за настанот пред ГТЦ

Партијата Левица извести дека откако во центарот на Скопје беше најавена презентација на воена опрема на САД и на АРМ,  демонстранти кај ГТЦ сакале да истакнат транспарент „Против војната за профити!” но полицијата потпомогната од АРМ насилно ги задржала демонстрантите и ги спречила слободно да се движат.

Со своја реакција се јави и министерот Оливер Спасовски.

„Во врска со објавите на социјалните медиуми за приведување на лица кои протестирале денеска, сакам да инфoрмирам дека немаше случај на приведување. Лицата биле легитимирани. Истовремено сакам да ве информирам дека ќе бидат проверени сите информации за евентуална употреба на сила врз граѓаните кои протестирале. Детално ќе се испита случајот и ќе има соодветна информација за јавноста“, напиша Спасовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e