Спасовски претседаваше со пленарниот состанок на Секторската работна подгрупа „Внатрешни работи“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска претседаваше со пленарниот состанок на Секторската работна подгрупа „Внатрешни работи“, на кој учествуваа претставници на МВР, на институциите – членови на секторската работна подгрупа, на Секретаријатот за европски прашања, на Делегацијата на Европската Унија и на меѓународни организации и невладиниот сектор.

Целта на овој состанок беше презентација, консултација и верификација на ИПА III Стратешките одговори за Прозорец I – владеење на правото, фундаменталните права и демократијата и тоа борба против организираниот криминал, миграција и гранично управување

Во воведното обраќање како претседавач, министерот Спасовски истакна дека со проектите кои ќе бидат финансирани во рамките на ИПА III програмата ќе се продолжат интензивните активности во насока на спроведување на суштински реформи и зајканување на капацитетите на институциите во областа „Внатрешни работи“, пред сѐ од аспект на исполнување на стандардите на Европската Унија, но секако, и во интерес на граѓаните во креирање на општество во кое владеењето на правото е неприкосновено.

Како една од водечките институции со свои надлежности во оваа област, потсети тој, МВР во изминатиот период интензивно работеше на спроведување на конкретни реформи во сите области од неговото функционирање, вклучително и во најкритичните области, како што се реформите во безбедносните и разузнавачките служби, борба против криминалот и корупцијата.

Министерот Спасовски потенцираше дека најголемата финансиска поддршка се реализира во рамките ИПА – Инструментот за предпристапна помош, преку кој се инкорпорираа голем сет на европски стандарди во полициското работење и зголемување на професионализацијата во постапувањето.

– Притоа, борбата против организираниот криминал и зајакнување на човечките и техничките капацитети во делот на гранично управување, азил и миграции се едни од главните приоритети за нашата секторска група. За таа цел, овие области беа земени како основа при подговката на потребните документи во рамките на процесот на програмирање на ИПА III програмата, рекол Спасовски, се наведува во соопштението од МВР.

Како резултат на континуирани активности преземани во изминатиот период МВР, потенцира Спасовски, подговени се неколку стратешки документи, вклучително и двата стратешки одговора за тематските области: Борба против организираниот криминал и миграција и Гранично управување. Стратешките одговори, според Спасовски, претставуваат документи од исклучителна важност за нас, во кои се презентирани клучните приоритети во областите за периодот 2021-2027 и ќе претставуваат основа во идниот процес на ИПА 3 програмирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e