Поддршка за земјоделците-нови приходи од плодната македонска земја, изјави на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски.
а) „Поддршка на аграрниот сектор од 5 милиони евра преку Развојната банка
Со 5 милиони евра ги поддржуваме микро, малите и средни претпријатија кои вршат примарно производство, преработувачите и извозот на примарни и преработени земјоделски производи.
б) Платежна картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделците
По ланското субвенционирање од 30%, со оваа мерка го зголемуваме субвенционирањето на потрошувачката на зелена нафта на 50%.
Оваа мерка ќе опфати 50.000 земјоделци, а вредноста е 4.6 милиони евра.
в) Стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти
Преку оваа мерка ги стимулираме преработувачите на грозје и винариите да произведуваат алкохолен дестилат кој ќе се користи од страна на домашните хемиски компании за производство на средства за дезинфекција. Во следните три години, нашата финансиска поддршка ќе изнесува 3,5 милиони евра.
г) Овозможуваме јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор
Преку модернизирање и ставање во функција на капацитети во производство на преработки од тутун и грозје со цел понатамошно уште посилно развивање на лозарството и тутунскиот сектор, како земјоделски гранки кои се повеќе и повеќе извезуваат.
Оваа стратешка определба ќе донесе голем бенефит, првенствено за македонските лозари и тутунари, но и за самата држава и брутодомашниот производ. На краток рок, очекувањата за инвестициите треба да достигнат 10 милиони евра.
д) Окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на македонското земјоделство
Оваа мерка овозможува ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште како и охрабрување на домашното земјоделско производство, но и нови инвестиции во овој сектор. Од оваа мерка очекуваме приходи од 250 милиони евра во следните три години и зголема конкурентност на македонското земјоделство.
ѓ) Долгорочен закуп на пасишта
Преку оваа мерка овозможуваме издавање на пасиштата на долгорочен закуп со што сточарите ќе имаат на располагање околу 500.000 хектари пасишта за напасување на добитокот.
е) Програма за финансирање на микро земјоделски компании
Со 3 милиони евра ќе овозможиме финасирање на Страт ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10.000 евра за опрема за преработка но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи.
ж) Модернизација на земјоделство
Со оваа мерка преку кредит на Светска банка од 50 милиони евра ќе овозможиме модернизација на мк земјоделството со цел зголемување на конкуретноста и профитабилноста“, заклучи Спасовски.