Во овие моменти кога разговараме, една од причините за нови 14 дена вонредна состојба се темели и на тоа дека треба да носиме одлуки кои ќе значат поддршка на рестартирањето на македонската економија, поддршка на граѓаните, со цел да се надмине ова што ни се случуваше како резултат на здравствената криза, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски.
„Едно треба да ни биде јасно, со пандемијата треба да научиме за живемее. Едноставно, секој граѓанин треба да биде свесен дека мора да живееме со паднемијата и согласно со тоа да се подготвуваме во наредниот период за такво однесување.
Уште поважно е да имаме институции кои се функционални кои ќе носат одлуки. Ние сме во ситуација кога немаме парламент функционален. Затоа реков дека институциите мора да превземат одговорност и за парламентарните избори, за нова политичка Влада“, нагласи Спасовски.